Top Sport

Навивач на Фенербахче после 119 часа под урнатините извлечен жив и без повреди

16-годишно момче, навивач на турскиот гигант Фенербахче, преживеа речиси пет дена под урнатините во неговиот роден град Кахраманмарас по разорниот земјотрес со јачина од 7,8 степени според Рихтеровата скала што ги погоди Турција и Сирија во понеделникот.

Младиот човек по име Камилчан Агдаш спасувачите го извлекле од под урнатините каде поминал 119 часа. Неверојатно е што тој беше речиси без никакви повреди по телото.

Во моментот на земјотресот тој бил во својот кревет облечен во дресот на својот омилен Фенербахче, а претходно гледал натпревар на тимот. На прегледот во болницата, тој признава дека после тоа не се сеќава на ништо.

Фенербахче побрза да му посака успешно закрепнување на Агдаш.

„По 119 часа повторно сме во солзи, повторно веруваме во чуда! Ни претстојат уште многу натпревари, те чекаме Камил”.

Scroll to Top