Крег Вилис, навивач на Манчестер јунајтед, ја загуби работата по првиот ден откако си направил селфи со крилото на Манчестер сити, Ријад Марез и ги прекршил правилата за социјално дистанцирање.
Вилис бил вработен да помага со поставување на асфалт во близина на комплекс апартмани во Чешајр, кога го забележал Алжирецот во близина и му се приближил за фотографија. И покрај тоа што 29-годишниот Марез немал проблем да се фотографира, Вилис, бил отпуштен бидејќи потпишал договор дека ќе се придржува до мерките за социјално дистанцирање.
„Мислам дека не беше во ред. Марез беше кул, јас го прашав и тој ми кажа: ’Да, нема проблем’. Го направив селфито за мојот најдобар пријател, кој е навивач на Сити, бидејќи јас навивам за Јунајтед. Не размислував доволно“, вели Вилис за „Метро“.
A Manchester United fan identified as Craig Willis has been fired at his place of work after being spotted breaching the coronavirus social distancing as he took selfie with Riyad Mahrez. #tukonews #mahrez https://t.co/aA5WiwqngK
— Tuko.co.ke (@Tuko_co_ke) July 2, 2020