Top Sport

Навивач на Нотингем Форест нокаутирал фудбалер на Шефилд јунајтед

Блескавата вечер на Нотингем Форест, кој избори пласман во финалето на плеј-офот во Чемпионшип дивизијата, мина во знакот на инцидентот што го предизвика еден навивач на „шумарите“.

Нотингем Форест, по изведувањето на пенали го елиминираа Шефилд јунајтед, откако двата тима забележаа по една победа со ист резултат 2:1. Во пенал серијата „шумарите“ славеа со 3:2.

Нотингем Форест за пласман во Премиерлигата ќе играат против Хадерсфилд на 29.мај, на „Вембли“ во Лондон.

Кога голманот на Нотингем Горест го одбрани последниот пенал, навивачите влетаа на теренот да го прослават пласманот во финалето. еден од нив со глава го удри играчот на Шефилд јунајтед, Били Шарп. Шарп стоел во место во моментите пред нападот и не го забележал напаѓачот како трча кон него.

Шарп со години настапува за клубот од родниот град, а дел од кариерата мина во Нотингем Форест.

Менаџерот на Шефилд јунајтед, Пол Хекингботом, по инцидентот изјави дека Шарп бил „потресен, крвав и лут“. Полицијата уапсила едно лице поврзано со нападот врз фудбалерот.

Форест бара засекогаш да му биде забрането да доаѓа на стадионите, а менаџерот на Шефилд побара затворска казна за навивачот.

Scroll to Top