Top Sport

Неверојатен рекорд на Ришар Гаске

Во фокусот на тенискиот свет, во вторникот беше поразот од Данил Медведев (2/6, 6/7) во Женева, поради што „под радарот“ мина неваројатниот рекорд на ветеранот од Франција, Ришар Гаске.

Гаске го победи вториот тенисер во светот и сега во својата долга кариера, има победа над секоја позиција во топ 100 на АТП листата.

Французинот и покрај тоа што во јуни наполни 36 години и веќе го помина својот зенит, продолжува да се натпреварува со голем елан, а сега во Женева го чека дуел со Камил Мајхшак од Полска.

Гаске во кариерата освои 15 титули, беше седми во светот, а три пати играше во полуфиналето на Грен слем.

Scroll to Top