Top Sport

Навивач среде натпревар го исклучи ВАР системот

Неверојатни сцени го одбележаа натпреварот од втората германска лига помеѓу Минстер и Херта Берлин, кој се претвори во хаос откако еден навивач го исклучи ВАР мониторот.

Судијата Феликс Бикел беше повикан да ja прегледа снимката за од можниот пенал, но беше пречекан со празен екран бидејќи навивачот физички го исклучи уредот.

Инцидентот се случи на крајот од првото полувреме, кога Бикел се приближи до мониторот покрај теренот за да го провери прекршокот на домашниот играч Нике Кулис врз Михаел Куизанс од Херта.

Сепак, екранот остана црн. По околу една минута чекање, судијата мораше да ја остави одлуката на ВАР собата, каде што беше судијката Катрин Рафалски.

На Бикел му беше кажано да го досуди пеналот за Херта, иако самиот не можеше да го прегледа видеото. Фабијан Рис беше сигурен изведувач и им донесе на гостите водство од 1:0. Настанот покрена сериозни прашања за безбедноста на стадионите и протести против технологијата во германскиот фудбал.

По натпреварот, кој заврши со победа на Херта од 2:1, фудбалскиот клуб Минстер издаде официјално соопштение во кое го осудува нарушувањето на безбедноста. Клубот потврди дека станува збор за намерен чин.

Foto/ depositphotos

Scroll to Top function disable_right_click() { echo ""; } add_action('wp_footer', 'disable_right_click');