Навивачи на Челси биле повредени во Солун, каде вечерва во Лига Европа англискиот тим ќе му гостува на ПАОК.
Грчката полиција соопшти дека во раните утрински часови, во центарот на Солун, тројца напаѓачи претепале двајца навивачи на Челси. На повредените навивачи на самото место им била укажана лекарска помош, по што тие одбиле да бидат хоспитализирани.
Напаѓачите избегале, а полицијата соопшти дека повредените навивачи не сакале да поднесат тужба.
Натпреварот помеѓу ПАОК и Челси, на стадионот „Тумба“, ќе започне во 18:55 часот.