Top Sport

Навивачи на Интер: Она што се случи со Лукаку не е расизам

Група на навивачи на Интер преку соопштение му објасниле да Ромелу Лукаку дека она што му се случи на Сардинија, на неделниот меч против Калјари не е расизам. Лукаку со гол од пенал на Интер им донесе победа 1-2, а противничките навивачи неговиот гол го испратија со имитирање на мајмунски крици.

„Жалиме што она што се случи во Калјари се претставува како расистичка навреда. Со имитирањето на мајмун никој не сакал да го навреди Лукаку, кој одлично играше за нашиот тим, во Италија тоа се прави за да се намали концентрацијата на противничкиот играч. Во овој случај тоа беше Ромелу. Тој ова треба да го разбере како еден вид на почит кон неговите квалитети, а не како расизам. Генерално луѓето треба да знаат дека Италијанците немаат проблем со расизмот, за разлика од северните европски држави каде тоа навистина е сериозен проблем. Ве молиме горе наведеното да го имате во предвид“, стои во соопштението.

Ромелу Лукаку по завршувањето на натпреварот рекол дека црномурните играчи мора да се обединат во борбата против расизмот кој претставува сериозен проблем на фудбалските стадиони.

Инаку минатата сезона, цел на расистички навреди на навивачите на Кајлари беа играчите на Јувентус Блез Матиуди и Моисе Кин.

Scroll to Top