Top Sport

Манџо е подготвен да го напушти Јувентус

Марио Манџукиќ до минатата сезона беше еден од најважните играчи на Јувентус, но откако истата заврши и на чело на екипата дојде Мурицио Сари, Хрватот е ставен во втор план.

Во текот на преодниот рок Манџукиќ се поврзуваше со неколку екипи, самиот тој одбил трансфер најпрвин во Манчестер Јунајтед, а потоа и во Пари Сен Жермен и на крајот не му се исполни желбата да се врати во Баерн Минехн.

Вчера целосно му стана јасно дека Маурицио Сари не планира сериозно да ги користи неговите услуги. Манџукиќ не е меѓу фудбалерите што Сари ги пријави за настап во Лигата на шампионите.

Хрватот се подготвувал да го напушти Јувентус и кариерата да ја продолжи во некоја егзотична дестинација каде ќе може добро да заработи.

За него интерес покажале три тима од Катар (Ал-Ријан, Ал-Гарафа и Ал-Духаил) и уште два неименувани тимови од Кина.

Scroll to Top