Двајца навивачи на Ливерпул од бизарна причина го пропуштија синоќешниот натпревар на „црвените“ во Генк.
Навивачите за патот до Белгија и влезниците издвоиле по 220 евра, но наместо во Генк тие завршиле во Гент.
Дека го згрешиле градот им станало јасно 30 минути пред почетокот на мечот, кога безуспешно се обидувале да го најдат стадионот. Бидејќи Гент е оддалечен од Генк 126 километри тие мечот за кој имале билети го гледале на телевизија.
Откако станаа хит на социјалните мрежи се гласиле од фудбалскиот клуб Гент. Тие им понудиле влезници за нивниот натпревар во Лига Европа против Волфсбург.
„Доколку некој ги познава овие двајца или има контакт со нив кажете им дека се поканети на нашиот меч против Волфсбург“, напишале од Гент на „Твитер“.
Shout out to the two Liverpool supporters who went to Gent instead of Genk yesterday, and so missed the game. https://t.co/Zg30Qx5A51 pic.twitter.com/uTxNQiWcQw
— Daniel Storey (@danielstorey85) October 24, 2019