Шкотската полиција соопшти дека две лица бил прободени со нож, пред почетокот на натпреварот во Лига Европа, помеѓу Глазгов Ренџерс и Осиек. Полицијата навела дека станува збор за голем инцидент и дека повредените мажи биле пренесени в болница и дека се под лекарски надзор.
„Вакво насилно однесување нема да биде толерирано и апсолутно е значајно секој кој знае нешто за овој случај да ни се јави“, изјавил полицискиот инспектор Стивен Валас за Би-би-си.
Хрватските медиуми објавија дека повредените се навивачи на Осиек и дека тиа биле повредени во општа тепашка со навивачи на Глазгов Ренџерс.
Инцидентот се случил во близина на стадионот „Ајброкс“, каде двата тима го играа реваншот од второто коло. Суелот заврши 1:1, а во третата рунда се пласираше Глазгов Ренџерс.
Massive fight at Ibrox between Rangers fans and Osijek fans tonight. #RFC #Osijek pic.twitter.com/CGMgM3xO3X
— 80s Casual Clothing (@casual_80s) August 2, 2018