Кардиф сити победија во првиот меч од откривањето на телото на нивниот фудбалер Емилијано Сала, но победата беше во сенка на двајца навивачи на Саутемптон кои сметаа дека е прикладно да се потсмеваат со смртта на Аргентинецот чиј авион падна над Ла Манш.
Во саботата, тимот на менаџерот Нил Ворнок стигна до 2:1 гостинска победа над Саутемптон за конечно да излезе од зоната за испаѓање, но мечот беше одбележан од двајца навивачи на домашниот тим кои гестикулираа со летање авион. Полицијата ги уапсила навивачите, а со соопштение се јави и клубот од југот на Англија.
„Саутемптон потврдува дека двајцата навивачи беа заддржани од полицијата во текот на мечот со Кардиф сити во саботата. Клубот ќе работи со полицијата на Хемпшајр за да се идентификуваат сите навивачи кои правеа гестикулации кон навивачите на Кардиф. Такво однесување нема да се толерира на ’Сент Мерис’“, се вели во соопштението на Саутемптон.
Двајцата навивачи најверојатно ги чека забрана за посета на домашните мечеви на клубот.
Keep an eye on the bloke in the middle, making plane expressions just two days after the Emiliano Sala confirmation, glad to say they both got ejected but had to shame them #CCFC #SOUCAR pic.twitter.com/nF57gpFMDh
— ? (@ccfcben) February 9, 2019