Top Sport

Лудило во Бостон – Селтикс водеа со +28, за на крајот да загубат дома од Клиперс! (видео)

Монтезл Харел успеа да принуди две загубени топки во последните две минути, а Патрик Беверли постигна две тројки пред клупата на Бостон за Лос Анџелес клиперс да надминат негатива од 28 поени во првото полувреме за драматична и историска 123:112 победа на гости кај Бостон селтикс.

Само еден натпревар откако Лос Анџелес лејкерс се вратија од 18 поени негатива да победат во Бостон со кошот на Раџон Рондо, и шест дена откако Њу Ингланд патриотс ги победија Лос Анџелес рамс во НФЛ Супер болот, извиците „Победете го Ел-Еј“ во Бостон беа „задушени“ со драматичниот финиш.

Колапсот на Селтикс се поклопи со губењето на Кајри Ирвинг, кој го повреди коленото во втората четвртина, кога изгледаше дека Бостон ќе стигне до лесна победа. Харел постигна 21 поен, Данило Галинари додаде 19 поени и 10 скока, а Ленди Шамет имаше 17. За Бостон, Гордон Хејворд имаше 19 поени, а Џејсон Тејтум и Тери Розиер по 16. Селтикс водеа со 74:53 наа полувреме.

НБА РЕЗУЛТАТИ

Индијана – Кливленд 105:90

Атланта – Шарлот 120:129

Њујорк -Торонто 99:104

Бостон – ЛА клиперс 112:123

Чикаго – Вашингтон 125:134

Мемфис – Њу Орлеанс 99:90

Хјустон – Оклахома сити 112:117

Милвоки – Орландо 83:103

Scroll to Top