Top Sport

Навивачи се преправаа дека се тепаат за да му дадат роденденска торта на полицаецот! (видео)

Полицаецот Енгин Чакин беше повикан да „растури“ тепачка меѓу навивачите на турскиот второлигаш Афјонспор, но наместо тупаници, тој доби пријатно изненадување и аплаузи од публиката.

АФЈОК, организираната навивачка група на второлигашот дознала дека полицаецот Чакин го прославува својот роденден на 15 февруари, истиот ден кога тие имаа меч со Коњаспор, и решиле да направат вистинско изненадување.

На полувреме, снимките покажуваа тепачка меѓу навивачите на домашниот тим, по што беа пратени полицајци, предводени од Чакин, но тепачката веднаш престана, а Чакин доби роденденска топка.

„Дел од нашата обврска е секогаш да внимавате на било какви нереди на трибините. Понекогаш мораме да одиме лице-во-лице со навивачите. Затоа сум многу изненаден, но и многу среќен. Ова покажува дека има љубов и поддршка и од нив“, изјави полицаецот.

Можеби инспирирани од ова, Афјонспор стигнаа до 4:0 победа.

Scroll to Top