Top Sport

Навивачите го бираат најдобриот играч во Премиер лигата

Повеќе од 100 новинари гласале за да биде скратена листата на кандидати за најдобар играч во Премиер лигата. На листата останаа седум имиња, а најдобриот ќе го изберат навивачите.

Во конкуренција за најдобар во 2002 година останаа четворица играчи на Ливерпул и по еден на Астон Вила, Манчестер сити и Манчестер јунајтед.

Тоа се Вирџил ван Дајк, Џордан Хендерсон, Садио Мане, Мохамед Салах, Џек Грилиш, Кевин Де Брујне и Маркус Рашфорд.

Името на победникот ќе биде објавено на 21.декември, овде можете и вие да гласате.

Scroll to Top