Хари Кејн е првиот Англичанец кој ја добил наградата на Здружението на навивачи за играч на годината во Премиер лигата..
Во конкуренција за играч на годината беа уште Н’Голо Канте, Кевин де Брујне, Сесар Аспиликуета, Иго Љорис и Ромелу Лукаку.
Во изборот гласале речиси 250.000 навивачи.
„Благодарност до сите. Горд сум што ја добив наградата бидејќи добив поддршка од навивачите од целата држава и тоа е неверојатно“, рекол Кејн.
Изминатите години меѓудругите оваа награда ја добиле Луис Суарез, Алексис Санчез и Фелипе Кутињо.