Top Sport

Навивачите и играчите од САД бесни од изгледот на новиот дрес

Репрезентативниот дрес на САД предизвика негативни реакции, компанијата „Најк“ се наоѓа под голем притисок да го смени дизајнот.

Мундијалот во Катар е се поблиску, а за тој турнир сите селекции кои настапуваат на Мундијалот ќе претстават нови дресови. Навивачите, но и репрезентативците се бесни од изгледот на новиот дрес на селекцијата на САД.

Прв се огласи Вестон Мекени од Јувентус, кој напиша:

„Се обидовме да им кажеме“, алудирајќи на протестите на играчите кога виделе во што сака да ги облече „Најк“.

Првиот комплет е целосно бел и практично изгледа како маица за тренинг, а вториот дрес е темно сина со црни детали кои ги збунија сите и за кои не е јасно што претставуваат. На социјалните мрежи се побуни и синот на легендарниот Жорж Веа, Тим Веа, напаѓачот на репрезентацијата на САД. Коментирајќи го вториот сет, тој исто така одговори на коментарот на фан кој беше бесен поради дизајнот.

„Ние сме бесни како и вие“, напиша Тимоти Веа.

Прашање е дали „Најк“ ќе ги земе предвид критиките и ќе го промени дизајнот на дресот пред Светското првенство во Катар.

 

Scroll to Top