Федерико Џентиле, капитенот на италијанскиот третолигаш Фоџа, имал крајно непријатна случка во четвртокот навечер, откако некои навивачи на клубот му ја запалиле влезната врата на неговиот дом, во моменти кога тој бил дома со неговата сопруга и двете мали деца.
35-годишниот Џентиле вели дека огорчен од тоа што се случило и признава дека ова може да го убеди да замине од клубот.
„Навистина сум шокиран не знам што да кажам. Дојдов тука да работам, сега ме ставаат во тешка ситуација. Размислувам да заминам, иако добив многу симпатии од обичните луѓе. Ова е сериозно бидејќи навлегуваат во мојата приватност. Спиев, се разбудив и го видов чадот и оганот“, открива Џентиле.