Top Sport

Хабиб: Ако ми понудат 100 милиони долари, тогаш ќе имам проблем

УФЦ шампионот Хабиб Нурмагомедов уште еднаш ја повтори својата цврста одлука да остане во пензија откако во Москва ја промовираше својата нова боречка федерација Игл фајтинг шампионатот (ЕФЦ).

И покрај тоа што призна дека ќе биде присутен во публиката за мечот помеѓу Конор Мекгрегор и Дастин Поаире, Хабиб вели дека нема интерес за меч со некој од двајцата бидејќи „веќе ги има задавено“.

„Оставете ме да уживам, убаво е да си шампион. Зошто веднаш сакате да ми го земете појасот? Ќе останам шампион додека не се видам со првиот човек на УФЦ, Дејна Вајт. Прво, знам дека ќе ми понуди пари. Потоа меч со подобриот од двајцата. Но, немам спортски интерес – ги задавив двајцата, двајцата се предадоа. Спортски нема вистински предизвик. Е, сега ако ми понудат 100 милиони долари, тогаш ќе има проблем“, вели Хабиб.

Scroll to Top