Top Sport

Навивачите му порачаа на Икарди: Време е да заминеш

Ултрасите на Интер уште еднаш му порачаа на Мауро Икарди дека не сакаат тој да остане во клубот по завршувањето на сезоната.

Икарди никогаш не бил во добри односи со „интернистите“, а дополнителна провокација за нив, по се она што се случува во односите помеѓу Икарди и клубот, беше „голата“ фото-сесија што ја имаше Аргентинецот со својата сопруга Ванда Нара.

„Се обидувавме ова да го објасниме на сите можни начини. Никој не се сомнева во неговите фудбалски квалитети, проблем е неговиот менталитет и ставот што го има кон соиграчите и тоа никогаш нема да се смени. Имеш толку прилики да се смири со соиграчите и со навивачите, но никогаш не ги искористи. Тоа докажува дека фудбалерот за општото добро на клубот не може да биде дел од иднината на Интер“, стои во соопштението што го објавија Ултрасите на Интер.

 

View this post on Instagram

 

?

A post shared by Wanda nara (@wanda_icardi) on

Scroll to Top