Top Sport

Елмас го најави пресвртот на Фенербахче (Видео)

Македонскиот репрезентативец Елиф Елмас го најави пресвртот на Фенербахче кај Касимпаша во рамките на 31 коло во првенството на Турција. Фенербахче победија 3:1 и на три кола до крајот на сезоната имаат 37 бода, но се уште не обезбедиле опстанок.

Работите на овој меч не тргнаа добро за Фенербахче, откако голманот Текин во 14 минута си постигна авто-гол. Шест минути подоцна Елмас израмни со својот трет гол сезонава во турската лига.

Пресвртот што го најави Елмас го комплетираа Валбуена и Роберто Солдадо со головите во 72 и 74 минута.

Scroll to Top