Top Sport

Македонија не е носител во баражот за СП, не очекува тежок противник

Македонија не се најде меѓу десетте носители за баражот за пласман на Светското првенство во 2021 година, што значи дека не очекува тежок противник во борба за продолжување на континуитетот на големите натпреварувања.

Шпанија, Хрватска и Норвешка веќе се пласираа со пласманот на Европското првенство, додека другите репрезентации ќе бркаат пласман преку баражот на почетокот на јуни. Можни противници на Македонија се Словенија, Германија, Португалија, Шведска, Австрија, Унгарија, Белорусија, Исланд, Чешка и Франција.

Ждрепката за баражите ќе се оддржи во Виена на 9 март.

НОСИТЕЛИ: Словенија, Германија, Португалија, Шведска, Австрија, Унгарија, Белорусија, Исланд, Чешка, Франција

НЕ-НОСИТЕЛИ: Македонија, Швајцарија, Холандија, Црна Гора, Украина, Србија и победниците на дуелите Турција-Русија, Романија-БиХ, Полска-Литванија и Израел-Летонија.

Фото: РФМ

Scroll to Top