Top Sport

Навивачите на Ајакс му пееја на Реал: „Always Look on the Bright Side of Life“ (видео)

Покрај тоа што фудбалерите на Ајакс на теренот му оддржаа фудбалска лекција на Реал Мадрид, на „Сантијаго Бернабеу“ блеснаа и илјадниците навивачи на холандскиот клуб, кои ја покажаа и смислата за хумор.

Кога веќе беше јасно дека Ајакс го елиминира Реал од Лигата на шампионите, тие ја испееја славната песна на Монти Пајтон, „Always Look on the Bright Side of Life“, или во превод „Секогаш гледај кон посветлата страна на животот“. Навивачите на Реал сигурно ќе треба да бараат посветла страна по неверојатниот колапс на тимот кој последните три години суверено владееше во Европа.

Инаку, илјадниците фанови на Ајакс и пред натпреварот направија фантастична атмосфера во шпанската престолнина.

Scroll to Top