Top Sport

Раонич го „шутна“ Иванишевиќ, ќе работи со Санторо

Канаѓанецот Милош Раонич го отпушти тренерот Горан Иванишевиќ пред американските пролетни Мастерс турнири и го ангажираше поранешниот француски тенисер Фабрис Санторо како негова замена.

Иванишевиќ работеше со Раонич една година, во која скокна од 38. на 14. место на АТП листата, но на гренд слем турнирите дојдоа само две четврт-финалиња, на Вимблдон и Австралија опен и ниту една АТП титула.

Санторо, кој работи и со францускиот тенисер Пјер-Иг Ербер, ја потврди соработката за „Лекип“.

„Милош ме повика пред некое време и ме праша дали сака да соработуваме, и јас му кажав дека сум заинтересиран, но само ако продолжам и со Пјер-Иг. Ќе бидам со двајцата во текот на американската турнеја, а не сакам да правам долгорочни планови. Ќе видиме што можеме да најдеме во неговата игра заедно“, вели Санторо.

Scroll to Top