Top Sport

Солун гори! ПАОК по 34 години стана грчки шампион (видео)

ПАОК од Солун по 34 години стана грчки шампион, откако со 5:0 го совлада Левадијакос за да ја запечати третата титула во историјата на клубот – ПАОК сега има 5 поени предност пред Олимпијакос.

Јевхен Шахв постигна два гола за домаќините, а по еден дадоа Диего Бисесвар, Фернандо Варела и Карол Свидерски. Ова е само трет трофеј во историјата на ПАОК, по трофеите во 1976 и во 1985 година. ПАОК е првиот клуб надвор од Атина кој ја освоил грчката титула по Ларисса во 1988 година.

На „Тумба“ во Солун имаше пеколна атмосфера, откако навивачите уште во саботата направија фантастична атмосфера во градот. Триумфот е посебно сладок за ПАОК откако лани ја загубија титулата поради скандалозното однесување на нивните навивач на последните мечеви од сезоната.

Покрај тоа што загубија поени, сопственикот на тимот Иван Савидис доби суспензија од три години откако излезе на теренот со пиштол. Во неделата, тој ги пречека фудбалерите пред стадионот и остана во близината, гледајќи го мечот на ТВ.

Scroll to Top