Top Sport

Навивачите на Аталанта со 35 автобуси кон Загреб за дебито во Лигата на шампионите

Навивачите на Аталанта, конечно, дочекаа нивниот клуб да игра во Лигата на шампионите и интересот во Бергамо е неверојатен, откако клубот веќе ги продаде 3.000 билети достапни за првиот меч – гостувањето кај Динамо Загреб следната среда.

„Оробичи“ никогаш не играле во Лигата на шампионите и ретко и незабележително учествуваа во Лига Европа во својата историја, пред фантастичното трето место во Серија А минатата сезона и добивањето на група која можат да ја поминат (Манчестер сити, Динамо и Шахтјор Доњецк) предизвика еуфорија во Бергамо.

Клубот организираше еден лет за навивачите директно до Загреб, и тој беше распродаден веднаш, а потоа беше потврдено дека со 35 автобуси ќе се оди за Хрватска. Навивачите најавија голем банер со пораката: „Siamo arrivati“ (Ние пристигнавме).

Scroll to Top