Навивачите на Барселона, се тема на медиумите во Шпанија поради скандалозното навивање на натпреварот што го одиграле резервните тимови на Барса и Еспањол на стадионот „Јохан Кројф“.
„Смрт, смрт за Еспањол!“ одекнувало на стадионот, а потоа пееле: „Ако морам да станам убиец нека прва жртва ми биде навивач на Еспањол“.
Како што пишуваат Шпанците невкусно било да се слуша нивната песна „посветена“ на починатиот играч на Еспањол, Дани Харке.
„Доколку Дани Харке постигне гол тој ќе биде фантомски.“
Инаку Дани Харке почина на 26 годишна возраст среде натпревар од срцев удар во 2009 година.
Една година подоцна Андрес Иниеста голот со кој на Шпанија и ја донесе светската титула му го посвети на својот пријател.
„Дани Харке секогаш со нас“, пишуваше на маичката која Иниеста ја носеше под дресот.
El club que presume de valores…VÍDEO: Faltas de respeto a nuestro eterno Dani Jarque en el derbi de filiales | Voz Perica https://t.co/GPI6G4HjHv
— Sito Fernández (@luisfernandeza9) January 7, 2020