Top Sport

Ферстапен во Ред Бул до 2023 година

Холандскиот автомобилист Макс Ферстапен го продолжил договорот со Ред Бул со што стави крај на шпeкулациите околу неговата иднина.

Медиумите најчесто шпекулираа дека по завршувањето на сезоната 2020 Луис Хамилтон ќе се пресели во Ферари, а на неговото место во Мерцедес ќе дојде Ферстапен.

Младиот холандски возач го ставил својот потпис на договорот со Ред Бул до 2023 година.

Сега останува да се види каква ќе биде ситуацијата во Мерцедес и Ферари по завршувањето на оваа сезона, која ќе започне за три месеци, бидејќи на крајот од годината им истекуваат договорите на Хамилтон и Фетел.

Scroll to Top