Top Sport

Навивачите на Бреша: Балотели е арогантен

Ултрасите на фудбалскиот клуб Бреша преку соопштение го нападнаа напаѓачот на овој клуб Марио Балотели. Тие му порачале на напаѓачот „дека е арогантен“.

Контроверзниот Балотели цела недела е тема во италијанските медиуми откако против Верона поради расистички навреди „испука“ една топка во трибините.

По мечот Балотели изјавил дека проблем претставувал тоа што не е Италијанец.

„Не се сомневаме дека Балотели е Италијанец, но неговиот арогантен став не е во ред“, се наведува во соопштението на навивачите на Бреша.

Дисциплинската комисија при Серија А, поради инцидентот со Балотели, и налоши на Верона за наредниот натпревар да затвори една трибина, додека водачот на ултрасите на Верона, Лука Кастелини во наредните 11 години не смее да присуствува на фудбалски натпревар.

Кастели е казнет поради изјавата дека Балотели не е Италијанец.

„Личните изјави на поединци само дополнително ја засилија кампањата против навивачите. Она што се случи не е прифатливо, но исто така сакаме да истакнеме дека тоа тврдиме дека сите навивачи на Верона се расисти“, се наведува во соопштението што го објавија навивачите на Бреша.

Scroll to Top