Top Sport

Навивачите на Челси ја добија битката – клубот подготвен да ја напушти Суперлигата?

Дел од навивачите на Челси јасно го кажаа своето мислење за новата Европска Суперлига, откако го блокираа автобусот на својот клуб пред денешниот меч со Брајтон во Премиер лигата.

На крајот, ситуацијата ја смируваше легендарниот голман, Петр Чех, кој излезе и се обиде да ги убеди навивачите да го пуштат автобусот на помине.

Од друга страна, шпекулациите велат дека клубот на Роман Абрамович веќе ги подготвува документите за повлекување од Европската Суперлига по реакцијата на јавноста и на навивачите. Се верува дека и во Манчестер сити се подготвени на ваков потег, со што се става голема „сопка“ на планот за единство против УЕФА и ФИФА.

Scroll to Top