Top Sport

Навивачите на Челси контра Маунт – повеќе мисли на фризурата отколку на фудбалот

Навивачите на Челси, покрај тоа што се загрижени што ќе биде со клубот по ерата на Роман Абрамович, се разочарани со двата катастрофални порази во низа, од Брентфорд во Премиерлигата и од Реал Мари во ЛШ, и еден од виновниците беше „пронајден“ на социјалните мрежи  – Мејсон Маунт и неговата навика да ја „мести својата фризура“.

Англискиот репрезентативец постојано е забележуван со раката низ својата коса, и дел од лутите навивачи поставија неколку видео-компилации со вакви ситуации, дел од целата сезона, а дел само о мечот со Реал Мадрид.

Еден од креаторите на видеото порача дека Маунт е сигурен добитник на „Салон д’ор“. Против Реал Мадрид посебно ги налутија две ситуации – прво при нафрлањето и обидот на Ромелу Лукаку, како и еден дел од средината на теренот.

Scroll to Top