На тројца навивачи на Челси не им беше дозволен влез на „Еден арената“ во Прага за мечот од Лига Европа против Славија, откако беа идентификувани како луѓето кои во паб во чешката престолнина пееја „Салах е бомбаш“, објави „Скај спорт“.
Челси, кои ќе играат против Ливерпул и нивниот поранешен фудбалер Салах на „Енфилд“ во неделата, по овој инцидент објавија соопштение во кое ги осудија овие навивачи за кои има „јасни докази дека се носители на сезонски билети“ на лондонскиот клуб.
И Ливерпул се јави со соопштение во кое го осудуваат овој потег на навивачите на Челси, посебно бидејќи се работи за нивни поранешен фудбалер. Салах, кој доаѓа од Египет, е муслиман.
Chelsea fans singing “Salah is a bomber” by @billabs80
He took down the video. This is the world in 2019. Proudly singing racist remarks towards Mo Salah. pic.twitter.com/auUUfmV7SD
— – (@EnRouteEdition) April 11, 2019
Ова не е првпат навивачите на Челси да се вклучени во расистички инцидент, откако во 2015 година при гостувањето кај Пари Сен-Жермен, беа снимени како спречуваат еден човек да се качи во метрото и пејат: „Ние сме расисти и сме горди“. Во декември оваа година пак, на мечот со Манчестер сити, дел од навивачите извикуваа расистички извици кон напаѓачот на гостите, Рахим Стерлинг.