Челси во осмина-финалето во Лигата на шампионите ќе игра против Барселона, реши денешната ждрепка во Нион. Во двата табора не владее претерано задоволство од ждрепката, а навивачите на Челси веднаш го пронајдоа виновникот што нивниот тим за противник добил еден од фаворитите за освојување на титулата.
Чеби Алонсо е виновникот, пишуваат фановите на Чеси на социјалните мрежи. Кога поранешниот играч на Реал, Ливерпул и Баерн Минхен го извлече Челси, на сите им беше јасно дека според правилата „сините“ можат да играат против Барселона или Бешикташ.
Chelsea will play Barcelona in the last 16 of the @ChampionsLeague! pic.twitter.com/V4FgLZYPBW
— Chelsea FC (@ChelseaFC) December 11, 2017
Алонсо за Челси го извлече еден од најтешките противници, а потоа тој ги влечеше топчињата со имињата на Баерн (тим во кој ја заврши кариерата) и Бешикташ.
Како и секогаш во вакви ситуации, веднаш се појавуваат теориите на заговор, дека Алонсо воочи ждрепката внимателно следел кое топче го носи името на Барселона. Кога го извлекувал името на Барселона Алонсо мешал само едно топче и на Челси му го доделил најтешкиот можен противник.
Xabi Alonso was never going to pull out any other ball than Barcelona. His eyes were all over it. Then that leaves Besiktas for his latesr club…. Bayern… what a joke. #UCLDraw #Chelsea #Barcelona
— Joe Webb #11 (@JoeWebb90) December 11, 2017