Top Sport

Навивачите на Јунајтед не ги сакаат газдите на клубот, Мегваер и Погба

Сопствениците на Манчестер јунајтед, семејствто Глејзер и фудбалерите Пол Погба и Мекгваер, од навивачите се означени како нај непожелни во клубот.

„Скај спорт“ организираше опсежна анкета во која гласаа навивачите на Манчестер Јунајтед. Едно од прашањата било што би промениле во својот клуб, а речиси сите од анкетираните се согласиле за овие три работи.

Имено, навивачите се во постојана војна со семејството Глејзер, кое го обвинуваат дека е директно одговорно за пропаста на славниот клуб.

Тие се критикувани поради фактот, што како американско семејство кое нема традиција да гледа фудбал како што тоа го прават Европејците, не ангажирало стручен кадар да раководи со клубот, туку се меша во сите одлуки. Навивачите кои негуваат специфично чувство кон клубот гледаат на семејството Глејзер како на некој што дошол да го заработи пари од она што тие искрено го сакаат, ангажирајќи непрофесионален персонал кој, како, да речеме, Ед Вудворд, служи само за да им направи разни финансиски комбинации.

Резултатот од неговата работа и е познат на добар дел од јавноста – деловните ангажмани со контроверзните менаџери, пред се со Мино Рајола, кој во одредени моменти го уценувал Јунајтед дека мора да ги купува неговите играчи за големи пари.

Еден од преплатените играчи и втор на оваа листа е Хари Мекгваер. Фудбалерот кој никогаш не покажа дека го заслужува епитетот „најскап дефанзивец во историјата на фудбалот“, редовно е на мета на навивачите и на Јунајтед и на репрезентацијата на Англија.

Многумина тврдат дека тој никогаш немаше да дојде во Манчестер, особено не за 85.000.000 евра доколку клубот не беше во неред.

Веднаш до Мекгваер е Пол Погба, фудбалер на кого по Јувентус ова му е втор ангажман на „Олд Трафорд“.

Навивачите очекуваа многу повеќе од него, очекуваа тој да биде „мозокот и срцето“ на тимот. Како стојат работите ова лето ќе ја промени средината.

Во анкетата, навивачите се согласни дека најдобар играч во тимот е Бруно Фернандеш.

Scroll to Top