Атлетико Мадрид победи на „Олд Трафорд“ и преку Манчестер јунајтед избори место меѓу најдобрите осум екипи во Лигата на шампионите.
Победникот го реши голот на Ренан Лоди, постигнат во финишот на првото полувреме.
По натпреварот, незадоволните навивачи на Манчестер јунајтед бесот го истурија врз тренерот на Атлетико, Диего Симеоне.
По обичај, секогаш кога судијата ќе означи крај на натпреварот Симеоне со трчање оди во соблекувалната, без оглед на тоа дали неговиот тим игра на домашен терен или гостува.
Истото го направи и на „Олд Трафорд“. Но, додека трчаше кон соблекувалната, од трибините, доби порција навреди и он него полетаа разни предмети, меѓу кои и шишиња со вода и чаши со сок и пиво.
Диего Симеоне и Атлетико, влегоа во историјата на Лигата на шампионите, успеале во нокаут-фазата да елиминираат три освојувачи на ова натпреварување.
Во 2014 година во полу-финалето беа подобри од Челси, во 2020 во осмина-финалето од Ливерпул, а синоќа од Манчестер јунајтед.
United fans threw their drinks at Simeone ?
(via @CBSSportsGolazo)pic.twitter.com/JEoYFcfvol
— B/R Football (@brfootball) March 15, 2022