Top Sport

Навивачите на Јуве „сонуваат“ за Зидан или Конте, но ќе го добијат Тудор

„Ла газета дело спорт“ тврди дека иднината на Масимилијано Алегри на клупата на Јувентус е крајно неизвесна, и иако навивачите би сакале да добијат тренерско име како Антонио Конте или Зинедин Зидан, многу поверојатно е на клупата да седне уште еден поранешен играч на клубот, тренерот на Олимпик Марсеј, Игор Тудор.

Најголема причина е финансиската состојба во клубот, но и неизвесноста дали ќе им биде дозволен настап во европските купови следната сезона по заканите на УЕФА. Токму затоа, во Торино се фокусираат на намалување на трошоците и на долгорочно потпирање на играчите од нивната академија.

Тука влегува во игра Тудор, кој одлично го познава Јувентус од деновите како играч, но и како помошник на Андреа Пирло. 45-годишниот Хрват има солидна сезона со Марсеј и има договор до јуни 2024 година. Тој ја покажа својата љубов кон Јуве во август 2020, кога го напушти Хајдук за да биде помошник на Пирло.

Scroll to Top function disable_right_click() { echo ""; } add_action('wp_footer', 'disable_right_click');