Top Sport

Јошко Миленковски по 15 години повторно македонски селектор

Славниот поранешен македонски селектор, Јошко Миленковски по 15 години повторно се враќа на својата позиција, потврдија од Одбојкарската федерација на Македонија.

Тие потврдуваат дека тој ќе ја предводи Македонија во Европската Лига и на Европското првенство.

61-годишниот Миленковски беше македонски селектор од 1997 до 2008 година, по што работеше и со Работнички, со клубови од Турција и со турската репрезентација, како и во Тунис, Црна Гора и Грција.

Scroll to Top