Top Sport

Навивачите на Лацио му посветија транспарент на Де Роси

Навивачите на Лацио на синоќешниот натпревар на нивниот тим против Болоња (3:3) го поздравија капитенот на Рома, Даниеле де Роси, кој пред една недела објави дека ќе ги напушти редовите на „волчицата“ по завршувањето на сезоната.

На трибината што е резервирана за најгласните навивачи на Лацио се појави транспарент на кој пишувало: „Горд и нескршлив непријател на теренот – Даниеле Де Роси, северот те поздравува!“.

Претходно со сличен транспарент Де Роси го поздравија и навивачите на Јувентус.

 

Scroll to Top