Top Sport

Лампард пред враќање во Челси, Сари е фаворит за клупата на Јуве!?

Легендата на лондонски Челси, Френк Лампард би моѓел да стане менаџер на „сините“, пишуваат медиумите на Островот. Според информациите пак на „Кориере дело Спорт“, актуелниот стратег на лондонскиот клуб, Маурицио Сари е во пол-позиција за преземање на клупата на „Старата дама“.

Лампард сезонава го предводи Дерби во Чемпионшип, и со тимот стигна до финале во плеј-офот за влез во Премиерлигата. На Челси му остана уште финалето во Лига Европа против Арсенал, во Баку, Азербејџан на 29 овој месец.

Се верува дека челниците на Челси нема да му прават проблем на Сари доколку реши да се врати во Италија затоа што клубот сезоната ја заврши на третото место, зад Сити и Ливерпул.

Информациите од Италија се дека се уште не е отпишан ниту Аргентинецот Маурицио Покетино како опција за Јувентус, додека мала е веројатноста дека менаџерот на „граѓаните“ Пеп Гвардиола би можел да го напушти Сити и да се пресели во Торино.

„Скај Италија“ пренесуува дека Челси се импресионирани од успехот на Лампард со Дерби, па би сакале да го видат во своите редови.

Scroll to Top