Top Sport

Навивачите на Ливерпул ја тужат УЕФА

Повеќе од 1.800 навивачи на Ливерпул заеднички ќе поднесат тужба против Европската фудбалска унија (УЕФА). На тоа се решија поради сите случувања во финалето на Лигата на шампионите меѓу Ливерпул и Реал Мадрид на 28. мај во Париз, објавија нивните адвокати.

УЕФА го одложи почетокот на финалето за 35 минути поради „безбедносни проблеми“ со навивачите, кои беа предмет на полициска акција и врз кои француската полиција испука солзавец додека тие чекале да влезат на стадионот.

Истрагата на францускиот Сенат ги отфрли тврдењата на УЕФА и француската влада дека навивачите на Ливерпул кои немале билети се главната причина за инцидентот.

Навивачите планираат да ја тужат УЕФА за прекршување на договорот за продажба на билети и невнимание во обезбедувањето на безбедноста на гледачите.

Ливерпул, од своја страна, собра 8.500 изјави од навивачите, како и фотографии и видеа, кои беа доставени до независна истрага нарачана од УЕФА.

Scroll to Top