Имаа доста среќа синоќа фудбалерите на Ливерпул што на својот гол го имаа Алисон, инаку Полјакот Аркадиуш Милик можеше во 92. минута да им го загорчи животот на навивачите на „Енфилд“.
Додека навивачите во Ливерпул го славата бразилскиот голман, истовремено удрија по хрватскиот дефанзивец, Дејан Ловрен.
Хрватот во игра влезе во 90. минута и веќе по 120 секунди го остави Милик небранет во петерецот. За негова среќа напаѓачот беше непрецизен.
Социјалните мрежи на Островот се преплавени со негативни коментари за дефанзивецот:
Mr 72 milioni. Spesi bene.#Alisson#LiverpoolNapoli #Champions #Liverpool pic.twitter.com/s4FrNEXvnz
— Jacopo Aliprandi (@AliprandiJacopo) December 11, 2018