Навивачите на Олимпик Марсеј, незадоволни од резултатите и начинот на кој со клубот раководи претседателот Жак-Анри Ејро, попладнево се обиделе насилно да влезат во тренинг-центарот. Хулиганите предизвикале пожар, пренесуваат француските медиуми.
Марсеј, вечерва од 21 часот, треба да играат со Рен, но по овие инциденти прашање е дали натпреварот ќе се одигра.
Според медиумите, дел од хулиганите, се обиделе да да го пробијат влезот во кампот и да се пресметаат со фудбалерите.
Атмосферата во Марсеј долго време не е добра. Пред два дена тренерот Андре Вилас-Боап го најави своето заминување, по завршувањето на сезоната, а атмосферата во тимот е нарушена и поради лошиот однос на двајцата најдобри играчи во тимот, Димитири Паје и Флоријан Тован, поради што овие двајца никогаш не се наоѓаат на теренот во исто време.