Top Sport

Навивачите на Милан фрлаа пари кон Донарума

Foto/ EPA

Милан го победи ПСЖ со 2:1 и се врати во трката за една од првите две позиции во Ф групата.

Милан со пресврт дојде до победата, откако Шкриниар по девет минути му донесе предност на ПСЖ.

Изедначи Леао во 12.минута, беше ова првиот гол за Милан во Лигата на шампионите по пауза од 462 минути. Нестварно звучи податокот дека Милан не постигна гол во првите три кола и претходно во двата полуфинални натпревари против Интер.

Победата на Милан му ја донесе ветеранот Оливи Жиру.

Инаку, овој натпревар го обележа враќањето на Џанлуиџи Донарума на стадионот од кој неславно си замина. За навивачите тој е предавник, бидејќи чекаше да му истече договорот, а потоа за голема плата, како слободен играч се пресели во Париз.

Затоа навивачите на Милан му приредија пеколен пречек на својот поранешен миленик.

На голот на кој стоеше Донарума постојано фрлаа лажни банкноти.

Scroll to Top