Top Sport

Дончиќ доби казна од 10.000 долари за шутирање на топка во публика (видео)

НБА го казни рукито на Далас маверикс, Лука Дончиќ 10.000 долари за шутирање на топката во публика при мечот со Индијана овој месец, потврди лигата.

Словенечката атракција Дончиќ го заработи своето прво исклучување на еден НБА натпревар на три минути пред крајот на третата четвртина од 111:99 поразот на 19 јануари со втора техничка грешка.

19-годишниот Дончиќ има просек од 20 поени, 6.8 скока и 5.2 асистенции по натпревар оваа сезона и во понеделникот стана вториот најмлад кошаркар со трипл-дабл во НБА при поразот од Милвоки, кога имаше 18 поени, 11 скока и 10 асистенции.

Scroll to Top