Top Sport

Навивачите на Наполи чекаат скудето, Спалети вели дека тешко ќе влезат во топ 4

Лучано Спалети ги предупреди навивачите на Наполи ќе биде „екстремно тешко“ нивниот клуб да влезе во топ 4 во Серија А следната сезона, иако во јужна Италија долго време снуваат за скудето.

Наполи беа во борба за титулата со Милан и Интер во поголемиот дел на изминатата сезона, пред да имаат пад во формата во последните месеци и да звршат на третото место, што значи дека повторно ќе играат во Лигата на шампионите.

„Сега сите очекуваат да продолжиме по тој пат, но нема да биде лесно. Ќе биде екстремно тешко да се заврши во топ 4, бидејќи нема да имаме стартна предност пред Јувентус или голема разлика пред Рома и Лацио. Ако играме како лани, ќе биде добро. Имаше мечеви во кои моравме да бидеме подобри и пропуштивме голема шанса“, вели Спалети во интервју за „Скај спорт Италија“.

Овие коментари само се надополнуваат на предвидениот „егзодус“ од тимот ова лето – капитенот Лоренцо Инсиње веќе потпиша за Торонто, а се очекува и заминување на рекордерот по бројот на голови во тимот, Дрис Мертенс, а италијанските медиуми шпекулираат дека газдата Аурелио де Лаурентис планира да ги продаде и Калиду Кулибали, Виктор Осимен и Фабијан Руиз.

Scroll to Top