Top Sport

Јокановиќ на клупата на Динамо Москва

Српскиот тренер Славиша Јокановиќ седна на клупата на Динамо Москва, потврди рускиот клуб, објавувајќи ека тој потпишал договор на една година со опција за уште една.

Поранешниот фудбалер и тренер на Партизан, во својата тренерска кариера работеше повеќе пати во Англија како менаџер на Вотфорд, Фулам и Шефилд јунајтед, од каде си замина по крајот на сезоната откако не успеа да ги врати во Премиерлигата. Тој ќе го замени Сандро Шварц, кој во мај си замина од Москва за да го преземе тимот на Херта Берлин.

Scroll to Top