Наполи, во 19.коло го доживеа седмиот пораз во Серија А. Актуелниот шампион беше прегазен од Торино со 3:0.
Јасно е дека Наполи не е истиот тим без неговиот творец Лучано Спалети. Одлуката на Аурелио Де Лаурентис да се раздели со тренерот кој по 33 години го врати скудетото во Неапол се покажа како катастрофална.
Спалети си замина, Руди Гарсија пристигна на неговото место, но не се снајде, тимот бележеше просечни резултати. Во обид да го спаси бродот што тоне Де Лаурентис му врачи отјказ, а во клубот се врати по една деценија Валтер Мацари.
Ниту оваа шок терапија не успеа да го раздвижи тимот. Видливо е дека и под Мацери тимот не бележи никаков напредок.
Попладнево, Торино го декласира Наполи со 3:0. По овој пораз актуелниот шампион падна на деветтото место на табелата.
По бламирањето на теренот, играчите на Наполи доживеаја нов шок овој пат од своите навивачи. Гневните ултраси ги навредуваа, дури и фрлаа пиротехнички средства кон нив.