Top Sport

Навивачите на Наполи го „раскинаа“ 40-годишното братство со Џенова

Навивачите на Наполи објавија дека веќе не се „збратимени“ со клубот на Џенова по 40-годишна соработка поради банер за поддршка на „починатите непријатели“ на мечот со Интер.

Партнерството, или „гемелаџо“ (братимење)  на ултрасите на Наполи и Џенова трае од 1982 година, и беше засилено кога двата клуба заедно влегоа во Серија А во ист ден. Но, ултрасите на Џенова го „навредија“ Наполи со банерите за поддршка на Даниеле Белардинели, навивачот кој беше убиен со автомобил во пресметката на хулиганите на Наполи и Интер.

„Потврдуваме дека се става крај на ова пријателство кое не поврзуваше со луѓето од Џенова повеќе од 40 години. Не можеме да ги избришеме 40 години одеднаш, но свесни сме дека се направија грешки со покажување на банери на починатите непријатели кои се обидуваа да направат подла заседа на сопствените пријатели. Веќе не е во минатото, кога бевме поврзани со заеднички вредности и заеднички непријатели. Нема да го заборавиме патот кој го одевме заедно и не очекуваме прекин на личните односи, но би сакале да се блокира заедничката работа, бидејќи братството помеѓу ултрасите на овие два клуба веќе не е прикладно“, се вели во соопштението на Курва А и Б на Наполи.

Scroll to Top