Top Sport

Навивачите на Наполи лути: Хандановиќ му дели совети на судијата!

Интер вчера со 1:0 го совлада лидерот Наполи, така „загревајќи“ ја борбата за титулата во Италија и нанесувајќи му го првиот пораз на клубот од Неапол оваа сезона.

Навивачите, сепак, се лути на судијата Симоне Соца, откако видеото на кое голманот на Интер, Самир Хандановиќ му дава „совети“ на Соца пред стартот на мечот стана вирално во Италија. Навивачите беа незадоволни што Соца доаѓа од Милано, така што ова видео уште повеќе го зголеми бесот.

„Немој да дуваш во свирчето многу често“, му вели Хандановиќ на Соца пред стартот на мечот.

Scroll to Top