Top Sport

Навивачите на Наполи во војна со клубот – го фрлија дресот на Калехон (видео)

Ултрасите на Наполи остануваат лути и му го вратија дресот на Хозе Калехон во чудни сцени на гостувањето кај Фрозиноне, каде што „наполитанците“ победија со 2:0, со што се осум поени пред Интер на третото место.

Околу 2.500 навивачи патуваа во Фрозиноне, во близината на Рим, и јасно го искажаа своето незадоволство поради слабата европска сезона и губењето на Копа Италија. Во саботата и неделата во Наполи се појавија повеќе транспаренти со порака: „Фановите се заебаваат со клуб без вистински проект“.

Калехон во својот 300. меч во дресот на Наполи, се обиде да се смири со нив и по крајот на мечот им го даде дресот, но тој беше фрлен назад со извици: „Заслужуваме повеќе“.

„Навистина сум изненаден. Не можете да побарате повеќе од овие фудбалери. Проектот продолжува и одиме чекор по чекор. Ако фановите сакаат нивните фудбалери да заработуваат 10 милиони евра годишно, тоа нема се случи, но можеме да имаме талентирани фудбалери. Не ја сфаќам негативноста“, изјави тренерот на Наполи, Карло Анчелоти.

Scroll to Top