Top Sport

Ваков меч не сте гледале – Лидс и Астон вила во шест минути лудило во Чемпионшип (видео)

Англискиот Чемпионшип повторно ни понуди натпревар за срцев напад, откако двата конкуренти за влез во Премиер лигата, Лидс и Астон Вила одиграа контроверзно 1:1 реми на „Еланд роуд“.

На Лидс им беше потребна победа за да ги заддржат малите шанси за автоматски пласман во Премиер лигата, бидејќи заостануваа шест поени зад Шефилд јунајтед на два натпревари пред крајот, додека Вила имаше 10 победи во низа и осигуран бараж.

Лидс стигна до контроверзно водство во 72. минута, додека Астон вила сметаа дека требаа да го направат спортскиот потег и да ја исфрлат топката во аут поради повреда на Џонатан Коџија. Инцидентот донесе црвен картон за Анвар ел Гази од Вила поради пресметка со Патрик Бемфорд (кој мора да се признае дека малку претера).

Додека траеше расправијата, менаџерот на Лидс, Марсело Биелса им кажа на своите фудбалери да им „пуштат“ еден гол на Вила. Но, ова не беше крајот – дефанзивецот Понтус Јансон не се согласуваше со ова и се обиде да го спречи Алберт Адома да го постигне „подарениот“ гол.

Мечот заврши со 1:1 со овие два контроверзни гола, што значеше дека Шефилд јунајтед се приклучува на Норич во Премиер лигата следната сезона, додека Вила и Лидс можат пак да се сретнат за неколку недели во плејофот.

Scroll to Top